За Ристо ИвановРисто Иванов е експерт за бизнис, претприемништво, конкурентост и градење капацитети за развој на поединци и организации.
Негова намера е да ви помогне да ги остварите вашите лични и бизнис цели побрзо и полесно. Ристо Иванов има советувано повеќе од 200 компании и организации, обучувал повеќе од 10.000 луѓе на 500 семинари и работилници во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина,Црна Гора, Албанија, Косово и Бугарија. Како тим лидер, тренер или главен говорник им се обраќа на повеќе од 1.000 луѓе годишно. Во 28 годишното професионално искуство има студирано, истражувано, пишувано и говорено за теми поврзани со: развој на бизнисот;, зголемување на вработувањето; управување со локалниот и регионалниот економски развој, енергетската ефикасост, иновациите и моболизирањето ресурси за развојни цели. Тој има дизајнирано: методологија за личен и професионален развој; бизнис концепти за долгорочно позиционирање на пазарот и проекти за јавни услуги што ја поддржуваат конкуретноста на локалната и националната економија. Пред отпочнувањето на професионалната кариера на менаџмент консултант Ристо Иванов има работено како директор на 2 претпријатија, раководител на јавни инситуции и соработник на 10 меѓународни организации. Претседател е на Здужението за бизниси и консултанти Креација. . |
Целите ти дозволуваат во твоја корист да ја контролираш насоката на промените
Најголемиот подарок што можеш да го дадеш на другите е неусловена љубов и прифаќање Твоите сегашни околности не ти одредуваат каде можеш да одиш, туку тие ти одредуваат од каде почнуваш Колку повеќе доверба подаруваш, толку повеќе доверба доаѓа кон тебе. Колку повеќе им помагаш на другите, толку повеќе тие ќе сакаат да ти помогнат тебе. Искуството не е тоа што ти се случува тебе, туку што ти правиш со тоа што ти се случува. Човек мора да биде голем за да ги признае своите грешки, паметен за да профитира од нив, и доволно јак за да ги корегира. Имај став на благодарност и заблагодари се за се што ти се случува, знаејќи дека секој чекор напред е чекор кон постигнување нешто поголемо и подобро отколку постојната состојба Успешните луѓе секогаш бараат можност да им помогнат на другите луѓе. Неуспешните секогаш прашуваат „Што има во тоа за мене? Не оди наоколу зборувајќи дека светот е должен да ти обезбеди живот. Светот не ти должи ништо.. Тој бил овде пред тебе. |
|
|